Банките се полни со пари, но и натаму кредити за граѓаните и за стопанството ќе се делат внимателно и рестриктивно. Банкарите велат дека значајно е подобрен трендот на штедење, иако депозитната база надмина 16 милијарди денари, голем дел од тие пари наместо за кредити, се чува во Народната банка за записи со ниска камата. Банката не може да пласира краткорочни пари во долгорочни кредити, затоа што во случај тој што има краткорочен депозит да ги побара тие пари, а тие се веќе пласирани на повеќе години, во тој случај банките ќе имаат проблеми со својата ликвидност. Заштедите од декември до септември изнесува околу 16 милијарди, од тие 16 милијарди околу 10,2 милијарди се пласирани во нови кредити, без да се сметаат обновените кредити од страна на банките, што во оваа ситуација ние оценуваме дека не е лошо. Може да биде и подобро. Светскиот ден на штедењето денеска на иста маса ги седна банкарите, гувернерот и министерот за финансии. По ланската воздржаност поради кризата со почетокот на годината повторно е забележан значаен раст на депозитната база. Власта најави дека во обид да го стимулира кредитирањето ќе се воздржи од влечење пари од банките. Се одложува и оданочувањето на каматата за штедни влогови.
Банките се полни со пари, но и натаму кредити за граѓаните и за стопанството ќе се делат внимателно и рестриктивно.
Банкарите велат дека значајно е подобрен трендот на штедење, иако депозитната база надмина 16 милијарди денари, голем дел од тие пари наместо за кредити, се чува во Народната банка за записи со ниска камата.
„Банката не може да пласира краткорочни пари во долгорочни кредити, затоа што во случај тој што има краткорочен депозит да ги побара тие пари, а тие се веќе пласирани на повеќе години, во тој случај банките ќе имаат проблеми со својата ликвидност“, вели Ѓорѓи Јанчевски, претседател на Здружението на банкари.
„Заштедите од декември до септември изнесува околу 16 милијарди, од тие 16 милијарди околу 10,2 милијарди се пласирани во нови кредити, без да се сметаат обновените кредити од страна на банките, што во оваа ситуација ние оценуваме дека не е лошо. Може да биде и подобро“, изјави Петар Гошев, гувернер на НБРМ.
Светскиот ден на штедењето денеска на иста маса ги седна банкарите, гувернерот и министерот за финансии. По ланската воздржаност поради кризата со почетокот на годината повторно е забележан значаен раст на депозитната база. Власта најави дека во обид да го стимулира кредитирањето ќе се воздржи од влечење пари од банките. Се одложува и оданочувањето на каматата за штедни влогови.
„Верувам дека банките, се разбира, на профитабилна основа ќе најдат добри проекти од страна на фирмите и ќе пласираат повеќе потрошувачки кредит кај населението, бидејќи депозитниот потенцијал во штедењето тоа им го овозможува , а на тој начин сите заедно ќе придонесеме за заздравување на македонската економија“, рече Зоран Ставрески, министер за финансии.
До септември вкупните депозити на граѓаните и фирмите во банките пораснале за 14 и пол проценти. Банките се уште нудат високи камати за штедењето во ситуација кога бавно ги намалуваат каматите на кредитите.
Иако Народната банка неколкупати ја намалуваше основната камата банките бавно ги следат сигналите, очекуваат да ги олабави и другите мерки за посериозно да се зголеми кредитирањето.